Итен Конгрес на СДСМ на 11 мај?
Итен Конгрес на СДСМ ќе се одржи на 11 мај, дознава Пресс24 од високи партиски извори. Според неофицијалните информации, на највисокото партиско тело Заев ќе бара потврда за ставот за неприфаќање на мандатите од парламентарните избори но ќе се протурка и точка за доверба на лидерот. Ова нема да има официјална потврда до последен момент зашто Заев се плаши дека тоа ќе ги мотивира негативните струи во СДСМ кои може да гласаат против него.
Како што дознаваме, целта на Заев е да ја бетонира својата позиција во партијата пред да се остави доволно простор и време за неговите противници главно од крилото на поранешниот лидер Бранко Црвенковски да му ги поткопаат темелите на кабинетот на Бихаќка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа