Исплатени 39 милиони денари на 1.100 лозари од Тиквешијата

 

Владата и Министерството за финансии помогнаа да се обезбедат финансиски средства во висина од 90 милиони денари во форма на кредит за винарската визба „Повардарие“ за исплата на 2.359 лозари од Тиквешијата за откуп на грозјето за бербата од 2013 година. Заклучно со вчера исплатени се 39 милиони денари на вкупно 1.100 лозари кои имаат договор со оваа винарска визба, а во текот на наредните работни денови ќе се исплаќаат и останатите лозари преку Стопанска банка АД Битола.

Лозарот Драги Чомов од Кавадарци изрази благодарност до Владата и до вицепремиерот Зоран Ставрески што несебично помогнаа да се исплатат парите за откупеното грозје во винарската визба „Повардарие“.

- Деновиве во банките се исплаќаат средствата. Мене целосно ми е исплатено белото грозје, изјави Чомов.

01.05.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега