Дошле во Македонија за да крадат - Бугарки пустошеле на Бит Пазар
Две бугарски државјанки се здобија со кривична пријава поради џебна кражба што ја извршиле на скопски Бит Пазар.
Се работи за 34-годишната Т.Н.М. и една година помладата П.М.С. на кои претходно им е одредена мерка една година условно, за три години казна затвор и протерување, односно забрана за влез во Република Македонија во траење од десет години.
Двете пријавени на 28 март на булеварот „Крсте Мисирков“ поточно на Бит Пазар, кај таканаречениот Цветен пазар, украле паричник од чантата на девојка која пазарувала. Најпрво П.М.С и се доближила и со своето тело се турнала во оштетената со цел да и го одземе вниманието, додека пак Т.Н.М успеала да и ја отвори чантата, и и го украла паричникот во кој имало клуч од стан, маестро картица од Комерцијална Банка и кутија цигари.
Полициски службеник од ПС ОН „Бит Пазар“, ги затекнал пријавени при вршење на кривичното дело, по што тие се лишени од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа