Лош крај на Први Мај во Кавадарци - автомобилски карамбол кај Тиквешкото Езеро

 

Две лица се повредени во судир на неколку автомобили во близина на Тиквшкото Езеро, кај Кавадарци. Сообраќајката се случила вчера доцна вечерта. Станува збор за фреквентен пат по кој излетниците кои го славеа Први Мај во близина на езерото се враќаат кон своите домови во Кавадарци но и кон Прилеп. Информацијата ја потврди и полицијата но нема детали во каква состојба се повредените ниту во какви околности се случила несреќата и колку точно автомобили учествувале во неа. 

02.05.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега