Куманово во црно: Загина 23 годишно момче

 

23 годишно момче од кумановски Старо Нагоричане загина, а неговиот 28 годишен другар е потешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера доцна попладнето се случила на патот Крива Паланка Куманово. Како што информира полицијата, до несреќата дошло кога 28 годишниот М.С. управувајќи со Голфот на неговиот сега веќе починат другар, загубил контрола и излетал од патот при што удрил во дрво. На лице место веднаш пристигнала итна медицинска помош, но 23 годишниот Давор П. од Старо Нагоричане кој бил сопатник во автомобилот им подлегнал на повредите на пат кон болница.
Неговиот 28 годишен другар со тешки повреди бил префрлен во Медицинскиот центар во Куканово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата излегла на терен и извршила увид но се уште нема информации за причините за несреќата. 

02.05.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега