Почна да се применува законот за финансиска дисциплина: Ако не плаќате на време ќе добиете казна до 3.000 евра
Почна примената на Законот за финансиска дисциплина кој треба да ја подобри ликвидноста на стопанските субјекти. Според законското решение, отсега приватните субјекти ќе треба да се обрзат со потпишување договор дека ќе ги вршат плаќањата во рок од 60 дена, освен доколку двете страни не се договрат поинаку. Максималниот рок за намирување на обврските е до 120 дена.
Законот ги опфаќа не само приватните фирми туку и плаќањата меѓу приватните фирми и државните институции, каде исто така, роковите се 60, односно 120 дена.
Доколку не се почитуваат одредбите од Законот, предвидени се казни од 5.000 до 10.000 евра за правните лица, за трговците поединци 1500 до 3.000 евра. За одговорните лица е предвидена глоба од 750 до 1500 евра.
Законските одредби за јавните здравствени установи, јавните претпријатија, трговските друштва формирани од државата, општините, Фондот за здравствено осигурување, јавните здравствени установи, ќе се применуваат од 1 јануари 2016 година.
Законот е донесен на крајот на минатата година на барање на бизнис заедницата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа