Убиена и оставена: Пронајдена мртва жена во Кавадарци

 

Портпаролот на СВР-Велес Анита Стојковска денеска потврди дека вчера околу 12.05 часот е пријавено дека во објект во Кавадарци е пронајдено мртво женско тело.

- Во текот на денот излезено е на самото место и извршен е увид од јавен обвинител, увидна екипа и лекар кој при прегледот констатирал смрт по насилен пат. Се работи за лице родено 1964 година. Заради утврдување на причините за смртта наредена е обдукција. Поради сомневање дека едно лице е поврзано со случајот, тоа е приведено во полиција и е задржано, информира денеска Стојковска

02.05.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега