Незаконски издавал тезги - кривична за директорот на ЈП „Пазари“ - Битола

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против 61-годишниот Б.Д. директор на ЈП „Пазари“-Битола и против наведено правно лице, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот во својство на службено лице подолг временски период на улицата „Коле Неделковски“ вршел издавање тезги под закуп, односно јавна површина прогласена за имот од општа употреба овозможувајќи на повеќе лица да се стекнат со противправна имотна корист, притоа узурпирајќи туѓа недвижност.

02.05.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега