Кои се условите на ДУИ за новата владина коалиција?

 

Без барања кои на прв поглед изгледаат неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ ДУИ го стартуваше првиот ден од преговорите за формирање на новата Влада. Адеми. Џафери и Бесими денеска преговарале со Димитриев, Мијалков и Јанкулоска. Од Мала Речица за АЛсат М велат дека нивните барања за кои очекуваат согласност се продолжување на економските реформи и деблокада на евроинтеграциите. Од партијата велат дека преговараат за политичките прицнипи на заедничкото владеење, а распределбата на ресори и кадри ќе се договара подоцна.  Од ДУИ не откриваат детали за својата платфрома освен дека се залагаат за брза евроатланска интеграција и инапредување на правата на Албанците. Што се подразбира под оваа формулација се уште не се знае.
За ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тешко прифатлива употребата на албанскиот јазик на целата територија како и промени на Уставот.

02.05.2014 - 23:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега