Се скарале па ја усмртил со секира - детали за убиството во Кавадарци
Ја убил па случајот го пријавил во полиција. Жената која вчера беше пронајдена мртва во Кавадарци е 50-годишната Снежана Т. од селото Сирково, а случајот во полиција го пријавил кавадарчанецот М.А. кој со неа живеел во вонбрачна заедница.
Според податоците на Вест, М.А. и Снежана постојано се расправале, а завчера откако тој се напил, меѓу него и Снежана настанала жестока расправија, по што тој земал секира и ја усмртил, а потоа случајот го пријавил во полиција.
Често нивната куќа била собиралиште на непознати лица што пуштале гласна музика и го нарушувале мирот на останатите соседи.
03.05.2014 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа