Тројца скопјани зад решетки - еве што направиле
Околу 22 часот синоќа, при влез во Р. Македонија од страна на полицијата на Граничниот преми Блаце приведен е 48-годишниот М.М. под сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на патна исправа“.
Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода и 48-годишниот Николча Д. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “затајување”, како и 32-годишниот Идриз Е. кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”.
Истите се спроведени во ПС “Кисела Вода” за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа