Докторите не успејаа: Почина старицата која беше прегазена на пешачки во Скопје
Седумдесет и осум годишната скопјанка Спира А. која вчера попладне околу 16.30 часот беше удрена на пешачки премин на улицата Ѓорче Петров, за жал им подлегна на повредите.
До несреќата дошло откако автомобил марка „фиат добло“ со скопски регистарски таблички, управувано од 24-годишниот скопјанец Г.У. удрило во жената на пешачки премин. Старицата итно било пренесена во болница, но за жал денеска им подлегнала на повредите.
03.05.2014 - 12:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа