Ставрески: Буџетот е во добра кондиција

 

Буџетот е во добра кондиција. Приходната и расходната страна се во рамки на планираното и засега нема потреба од ребаланс на Буџетот. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Буџетот е во рамки на планираните параметри. Исплатата на субвенции за тутун секогаш повлекува повисоки расходи на Буџетот, меѓутоа во текот на останатиот дел од годината ќе има помали расходи, така што засега бројките не бараат никакви пресметки за ребаланс. Доколку има потреба во иднина, како и секоја година, ќе се пристапи кон ребаланс, но засега и приходната и расходната страна се во рамки на планираното, изјави Ставрески.

Според него, сега приватниот сектор го има тоа, односно знае дека и натаму Македонија ќе има најниски даноци, висок износ за инвестиции од Буџетот и сето тоа создава добар амбиент за економскиот раст да се оствари во рамки на предвидувањата, а со тоа и Буџетот да биде во рамки на планираните големини, рече Ставрески.

Според објавените податоци на Министерството за финансии приходите во буџетот во март 2014 изнесувале 11,226 милиони денри, а расходите 14,794 милиони денари. 

04.05.2014 - 10:07
Фото: 
нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега