„Летаа" казни и откази и за вработени во МВР

 

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, Министерството за внатрешни работи донело 13 решенија против 13 свои вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето.

 

Т.Т. полицаец во ПС ОН Бит Пазар, СВР Скопје, изречена му е мерка “откажување на договор за вработување” (се обидел за паричен надомест да пренесе преку граниничен премин лица, за кои не бил дозволен “излез” од РМ.)

А.А. полицаец за БПС во ПС за БПС Битола,  СВР Битола, изречена му е мерка “парична казна” (го нарушил ЈРМ со учество во тепачка).

П.Ј. инспектор за прифат сменоводител во ПС ОН Пробиштип, СВР Штип, изречена му е мерка “запирање на постапка” (неутврдена одговорност).

С.И. полицаец во ПС ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка “парчна казна” (во службено возило со колега превезувале женско лице од Скопје, а исто така му било утврдено присуство на алкохол во крвта додека бил на работа).

Р.Б. полицаев во ПС за ГН “Маздрача” РЦ Север, изречена му е мерка “паричен надомест” (во службено возило со колега превезувале женско лице од Скопје).

Г.С. полицаец во ПС за ГП и ГН “Богородица” РЦ Југ, изречена му е мерка “паричен надомест” (без да провери дали има виза, дозволил излез од РМ на косовски државјанин, кој спаѓа во група со голем ризик).

Г.И. полицаец за БПС во Одделение за БПС во СВР Скопје, изречена му е мерка  “паричен надомест” (без претходно добиена согласност, дал снимена изјава за телевизија).

М.А. полицаец во ПС ОН Ресен, СВР Битола, изречена му е мерка “паричен надомест” (не изготвил писмено известување дека ќе биде на боледување, а за два дена од неговото отсуство нема доставено писмен документ за боледување).

А.Р. полицаец за патрола и интервенција во ПО Попова Шапка, СВР Тетово, изречена му е мерка “откажување на договор за работа” (навремено и писмено не го известил раководителот за отсуство од работа и не доаѓал на работа повеќе од три последователни дена).

С.Д. полицаец во увидна група во ПО за БПС, ПСОН Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка “паричен надомест” (не ја извршил наредбата од Командирот и не го изготвил службениот материјал за извршен увид од сообраќајна незгода).

И.Ј. полицаец во Центар за информации и команда, Организациски единици за координација во СВР Скопје, изречена мерка “паричен надомест” (на разговор за добивање виза во проториите на Конзуларното одделение во Амбасадата на САД присуствувала во полициска униформа и приложила фалсификувана банкарска домунетација)

Т.М. полицаец во ПС ОН Штип, изречена му е мерка “паричен надомест” (не пријавил кривично дело во Полициска станица).

Г.В. полицаец за БПС во ПС за БПС Петровец, изречена му е мерка “отказ” (неоправдано изостанал од работа три последователни дена).

04.05.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега