Почина битолчанецот кој беше повреден во сообраќајката во која загинаа мајка и ќерка
Почина и битолчанецот В.А кој беше тешко повреден во страотната сообраќајка во која загинаа мајка и нејзината ќерка на возраст од седум години, од Ресен. Загинаа во сообраќајка кај Битола, јавува ТВ Орбис.
Страотната сообраќајка се случи на 15 април 2014 година околу 13 часот на патот Битола - Ресен, во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“.
Според информациите од МВР, до сообраќајната несреќа дошло до директен судир меѓу битолски „форд ескорт“ во кој биле татко и син и „тико“ со ресенски регистарски таблички, во кој се наоѓале мајката и нејзините две ќерки.
После само неколку денови битолчанецот В.А 66 годишен им подлегна на повредите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа