Почина тенисерката Елена Балтача

 

Поранешната најдобра тенисерка на Велика Британија Елена Балтача почина од рак на црниот дроб на 30-годишна возраст.

Балтача е родена во Украина, а пораснала во Шкотска. Во март оваа година открила дека ја имаа оваа тешка болест.

Таа беше најдобра тенисерка на Велика Британија три години, а од активното играње се повлече во 2013-та година.

 

Во својата кариера таа има освоено 11 титули, има играно во третото коло на Вимблдон во 2002.година и трето коло на Австралија опен во 2005 и 2010.година.

05.05.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега