Уште едно лице се бори за живот по страотната сообраќајка кај Битола
Дваесет и едно годишниот А.Х., возачот на „Фолксваген-Голф“ кој синоќа учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Битола се бори за живот.
Несреќата се случила кога се учествувале две патнички возила од Крушево и Скопје, а веднаш по несреќата интервенирале екипи на итната медицинска помош, истражен судија, и други стручни лица за утврдување за причините за несреќата.Битолската полиција веќе информираше дека е утврден идентитетот за загинатите лица. Во „Фиат-тофас“ со скопски регистерски таблици биле три лица кои загинале на лице место. Возачот Делшат И. (38) од Битола, 24-годишниот битолчанец Бесим Р. и 20 годишната девојка Ѓулшан Ф.
Покрај двајцата повредени од „Голфот“ во автомобилот имало уште двајца сопатници кои починале на местото на несреќата, малолетникот Зија А. (17) и 19-годишниот Афип Н., сите од крушевското село Алданци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа