Македонија 10 места погоре во најновиот извештај на Светскиот економски форум
Во најновиот извештај на Global Information Technology Report од Светскиот економски форум Македонија бележи напредок од 10 места и се наоѓа на 57-то место од 144 земји во светот.
Извештајот го покажува напредокот на земјите не само според развојот на информатички и комуникациски технологии, но и според економското и социјалното влијание.
Тринаесеттото издание на извештајот е објавено во време кога економиите мора да се зацврстат и да закрепнат од минатата година, а најлошата економска и финансиска криза во изминатите 80 години да ја остават зад себе, стои во извештајот.
05.05.2014 - 11:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа