Младите фудбалери на Металург го освоија Купот на Македонија

 

Младите фудбалери на Металург го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако во финале беа подобри од своите врсници од Вардар.

На средбата одиграна попладнево на арената „Филип Втори’’ младите фудбалери на Металург го совладаа Вардар со 5:3 по пенали откако регуларниот дел дуелот заврши без победник 1:1.

Тимот од Автокоманда со голот на Михајло Митрев од слободен удар во 27 минута дојде во водство, а израмнувањето во 69 минута преку Енсар Сулејмани.

Во пенал рулетот клучна беше втората серија, кога голманот на Металург, Мирзад Раковиќ го одбрани шутот на Димитар Иванов.

И сениорите на Металург ќе имаат можност да го повторат успехот на младинскиот тим, бидејќи тие вечерва ќе играат во сениорското финале каде за противник ќе го имаат Работнички. 

07.05.2014 - 20:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега