ФОТО: Масовна тепачка меѓу играчите на мечот Работнички - Куманово

 

Натпреварот  од осмото коло во кошаркарската Супер-лига меѓу Работнички и Куманово  е во прекин, откако се случи општа тепачка на теренот, по што екипата на Куманово се повлече во соблекувалните, јави специјализираниот спортски портал Екипа.мк.

 

tepacka-gradski-park-615x400

 

Како што пренесува екипа.мк, во  23. минута од натпреварот, при водство на Работнички од 49-35, при една мртва топка настана општ хаос на теренот.

Инцидентот почнал со дуел меѓу Симоновски и Луковиќ кој се претворил во физичка пресметка, по следела молскавична реакција од сите играчи на двата клуба.

Неколкуминутната битка со интервенција на специјалната единица на МВР била ставена под контрола, по што гостите од Куманово се повлекле во соблекувалните.

 

tepacka-park2

 

Дека ова ќе се случи, актерите на овој натпревар навестија уште на паузата кога вербалниот дуел меѓу Ѓуров од Работнички и Луковиќ од Куманов прерасна во мешаница која за среќа набргу беше смирена. 

07.05.2014 - 20:42
Фото: 
Екипа
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега