Прилеп направи перница за Гинис

Прилепчани вчера постигнаа нов Гинисов рекорд со тоа што направија перница за Гинис.

Перницата е со димензии 17,1 на 17,1 метар, а тешка е околу шест тони.

Ова и официјално го верификуваше претставникот на Гинисовата канцеларија во Лондон, Фортуна Бурке.

- Со оваа перница денеска е срушен досегашниот рекорд од 15 метри и поставен е нов Гинисов рекорд. Перницата е голема 17,1 метар. Му честитам на Прилеп. Атмосферата е многу убава, изјави Бурке.

Привот Гинисов рекорд на Пирлеп е поставен пред пет години кога беа приготвени 80.191 посна сарма.

ФОТО: МИА

најчитано сега