Изгоре Фолксваген во Куманово

 

Возило “Фолкваген шаран“ ноќеска се запалило и изгорело на улицата “100“ во населба Карпош, јавува Куманово Њуз.

Прожарот избувнал околу 3 часот по полноќ, по што интервенирала противпожарната единица и го изгаснала огнот за педесетина минути.

 - Возилото било оставено на улица, само се запалило и внатре немало патници. Предизвикана е материјална штета, возилото е доста оштетено. Причините кои довеле до појава на огнот не се познати - вели Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово за порталот.

Запаленото возило го забележал случаен минувач и тој пријавил во пожарна.

08.05.2014 - 11:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега