Чех во аут десет недели!

 

Голманот на Челзи Петр Чех ќе паузира десет недели, откако вчера му беше извршена операција на повреденото рамо.

31-годишниот чешки голман се повреди минатиот месец на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

- Петр Чех е успешно опериран од повредата со дислокација на рамото. Му посакуваме што побрзо закрепнување и враќање на фудбалскиот терен, соопштија од Челзи.

„Сините“ од Лондон не успеаја да обезбедат финале во Лигата на шампионите, а ќе останат и без трофејот во Премиер лига.

08.05.2014 - 12:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега