Џордан откри во автобиографијата - Како мал бев расист!
Кошаркарската легенда и еден од најдобрите спортисти на сите времиња во својата автобиографија наречена „Мајкл Џордан: Живот“ откри некои досега непознати работи од својот живот. Еден од податоците кои се посебно интересни за американската јавност е откритието дека како тинејџер додека растел во Северна Каролина бил расист.
Се сеќавам како една девојка во школо во 1977 година ме нарече „црнчуга“, а јас и фрлив сок на неа. Бев вистински бунтовник и за тоа време се сметав како расист. Во начело бев против сите белци“, откри меѓу останатото педесетгодишниот Џордан.
По инцидентот во школото Џордан бил казнет, а подоцна мајка му успеала да го увери дека омразата нема далеку да го однесе во животот. Во тоа време во средината на 70-те години, злогласниот Клукс Клан бил доминантен во државата на Џордан, и важен фактор во друштвото.
Купувале дресови за спортските клубови и Библија за школите, но биле и одоговрни за физичкото и психичкото насилство. Легендарниот кошаркар призна како во тек со серијата „Коријени“ почнал да ги сваќа разните проблеми во САД.
Џордан сега е сопсвеник на НБА тимот Шарлот, откако претходно жестоко го критикуваше сопственикот на ЛА Клиперс, Доналд Стерлинг, кој беше исфрлен од НБА поради своите расистчки кометнари.
„Како сопсвеник на клубот ми се гади од таквите ставови на колегите. Како поранешен играч сум вџашен од неговото однесување. За таквите ставови нема место во НБА листа или кое било друго место. Неверојатно е да таквите ставови постојат и денес во нашата татковина, поготово во лигата во која играат повеќе Афроамериканци“, заклучил на оваа тема Џордан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа