Каде се и што прават актерите од Пријатели денеска?
- Последната епизода од „Пријатели“ на 6.5.2004 година ја гледале преку 52.5 милиони гледачи.
Култната серија на многумина им остана една од најдрагите. Генерациите растеа со неа.
Моника, Џои, Рос, Чендлер, Фиби и Пејчел на многумина им влегоа под кожа, но дали знаете што денес се случува со актерите?
Рајчел - Џенифер Анистон (45) најуспешната „Пријателка“, својата кариера ја насочи кон филмовите и постигна голем број успеси. После голем број љубовни бродоломи најпосле се вери со Џастин Терокс (42) за кој би требало да се омажи оваа година.
Рос - Дејвид Швимер (47), продолжи да глуми и се појави како гостин во голем број серии, но можеби најзабележано помина неговата синхронизација на Мелман од „Мадагаскар“. Режираше неколку филмови како „Run Fatboy Run“ и „Trust“. Во брак е со фотографката Зое Бакман и имаат ќерка Клео (3).
Фиби - Лиса Кудров (50), имаше голем број забележани филмски улоги во филмовите како „П.С. Те сакам, „Соседи“, „Втора жена“, но продолжи да снима и хумористични серии. Во брак е со Мајкл Стерн, со кого го има синот Џулијан.
Џои - Мет Ле Бланк (46) се повлече откако неговата серија, продолжението на „Пријатели“, „Џои“ пропадна. Се врати во 2011 година во серијата „Еpisodes“ која за сега има три сезони, а најавено е и снимање на четвртата.
Чендлер - Метју Пери (44) - медиумите ги полнеше поради неговата зависност од алкохол и дрога повеќе отколку поради успехот во кариерата. Најзабележително помина неговата улога во филмот „Убиец со меко срце“.
Моника - Кортни Кокс (49) усепа да направи релативно успешна хумористична серија „Cougar Town“ која доживеа пет сезони. Тоа беше нејзиниот најуспешен проект после „Пријатели“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа