Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во март годинава изнесува 729.769.000 денари, што претставува зголемување за 24,7 проценти во споредба со март минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 76,8 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 26,7 проценти.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските и градинарските растенија, млечните производи и рибата, а намалување кај овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа