Претседателот на Република Српска уплашен дека ќе му направат атентат

 

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, коментирајќи ја изјавата на заменикот-помошник државен секретар на САД Филип Рикер дека тој е одговорен за блокирањето на спогодбата за решавање на прашањето на недвижниот воен имот, истакна дека Рикер се меша во внатрешните работи на една земја.

- Бидејќи сум обележан дека го сопирам натамошниот пат на БиХ во НАТО, сега кога влегувам во авион треба да размислувам дали работат сите инструменти или првиот рид е мој, рече Додик за РТРС.

- Сега некој ќе рече дека тресам глупости, но сакате да кажете дека тоа не се случувало во минатото и така се решавале некои луѓе?, додаде Додик.

најчитано сега