Анкета: Заев прв, Наумов втор- што ќе се случи во СДСМ по Конгресот?

 

Институтот Павел Шатев спроведе анкета за очекувањата од Конгресот во најголемата опозициска партија. Според перцепцијата на испитаниците, најдобар кандидат за лидер на СДСМ е струмичкиот градоначалник за кого се определиле 27.8 % од анкетираните Македонци а веднаш зад него е Кире Наумов со 16.0 %. Останатите кандидати имаат значителни понизок процент на доверба.

Резултатите од анкетата сепак покажуваат дека најголем процент од граѓаните и по Конгресот не очекуваат големи промени. Црвенковски и натаму ќе го задржи силното влијание.

Скоро 35 проценти од анкетираните не веруваат дека по конгресот на на СДСМ на 2 јуни, новото раководство на партијата ќе спроведе успешна и темелна реформа.

Анкетата на Институтот „Димитрија Чуповски“ е спроведена во периодот помеѓу 17 и 21 мај 2013 година, телефонски на 1050 испитаници според стандардизиран прашалник и врз основа на стратификуван примерок кој е репрезентативен за населението во Република Македонија.

 

најчитано сега