Двајца скопјани ќе си одлежат казна затвор - еве што направиле

 

 СВР Скопје го лиши од слобода 27-годишниот Муса Т. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од шест месеци, за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста”. Истиот е спроведен во  полициската станица “Бит Пазар” за понатамошна постапка.

Исто така СВР Скопје го лиши од слобода 46-годишниот Муарем С. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од една година, за сторено кривично дело “кражба”. Истиот е спроведен во  Полициска станица “Кисела Вода” за понатамошна постапка.

10.05.2014 - 11:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега