Штипјанец бегал од сопругата со 40.000 евра во тегла - завршил во болница

 

Вистинска драма се одвивала во Штип. Жител на штипското село Крупиште кој сакал да си ја напушти сопругата, бил примен во штипската болница со 40.000 евра во тегла, кои потекнувале од домашна заштеда од одгледувањето на овци и ориз. Додека се обидувал со парите ставени во тегла да избега од сопругата, направил сообраќајна несреќа на патот кон Штип и завршил на Клиничката болница.

Како што јавува ТВ Стар, штипјанецот во болницата не сакал да се оддели од теглата со богатата заштеда па докторите морале сите медицински испитувања да ги прават додека тој ја држи теглата.

10.05.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега