Шумахер ја победи смртта ама од почеток ќе учи да зборува, јаде, оди...

 

Питер Хачинсон, професор на Универзитетот во Кембриџ изјави дека Михаел Шумахер, кога потполно ќе излезе од кома, ќе мора одново да ги учи некои од основите животни функции и дека никогаш повеќе нема да биде истата личност.

Седукратниот светски шампион во Формула 1, 133 дена беше во вештачка кома, а неодамна неговиот менаџер Сабине Кем изјави дека Германецот повремено доаѓа на свест.

-Тоа не е како кога некој ќе запали светло и пациентот знае за се што постои околу него. Тој веројатно ќе се врати во светот кој не го познава - изјави Хачинсон.

Овој лекар и професор го потврди пишувањето на германските медиуми кои ден пред тоа, повикувајќи се на извори блиски до болницата во Гренобл каде лежи Шумахер од 29. декември минатата година, истакнаа дека “Шумахер ја доби битката за живот“.

-Шумахер ја победи смртта. Но и натаму му престои борба за животот кој е пред него. Михаел се враќа во светот каде се е променето. Тој ќе се врати во реалноста на која не навикнал. Михаел Шумахер повеќе никогаш нема да биде Михаел Шумахер. Тој мора да го пронајде патото и да се избори со новите услови на кои не навикнал, новите потреби и да ги научи основните вештини.  Шумахер ќе мора повторно да учи да зборува, да јаде, да оди. Можеби ништо нема да му биде лесно како што му било некогаш - вели тој.

 

10.05.2014 - 20:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега