Сакал да го поткупи со 200 денари - еве што направил млад скопјанец
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 26-годишниот С.Р. од Скопје за „давање поткуп“. Пре неколку денови, додека полициски службеник извршувал службени дејствија на улицата „Јустинијан Први“, забележал автомобил „Опел Вектра“ кое се движело со поголема брзина, поради што истото го запрел. Притоа, од возачот ги побарал потребните документи, а воедно забележал дека истиот не го имал ставено сигурносниот појас, а возилото имало фолии на стаклата за кои по проверката во сообраќајната дозвола утврдил дека нема забелешка дека истите се атестирани.
За сторениот прекршок полицискиот службеник изготвил Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови, но пријавениот не сакал да ги потпише и му предложил да се сретнат и да пијат кафе заедно, по што од паричникот извадил 200 денари во апоени од по 100 денари, и му ги ставил во десниот џеп од ветровката, велејќи му да ја искине пријавата.
Веднаш по ова пријавениот бил лишен од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа