Крадците активни и викендов: Ограбени две цркви
Непознати сторители насилно влегле во двете цркви „Св. Петка“ и „Св. Петар и Павле“ во селото Галичник и украле четири икони (три на платно и една на дрво), информираат од СВР Тетово.
Кражбите во полициското одделение ги пријавил М.А. по што бил звршен увид. Провалниците во црквата „Св. Петка“ влегле со насилно отварање на еден од прозорците. Во црквата „Св. Петар и Павле“, пак крадците делувале на влезната врата, кршејќи ги бравата и катанецот. Покрај две икони оттаму одзеле и 600 денари.
Полицијата подигнала извесни траги и работи на откривање на сторителите. Двата верски објекти биле под видео надзор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа