Јувентус победи за престиж - пехарот му е осигуран
Во италијанската Серија А викендов се играа натпреварите од претпоследното, 37.коло по кое, на веќе испаднатите Ливорно и Катанија им се приклучи и Болоња.
На врвот се беше познато па дербито Рома – Јувентус се играше за престиж. Победи Јувентус со гол постигнат во четвртата минута од судиското надополнување. Стрелец беше Пабло Освалдо.
Резултати на денешните натпревари од претпоследното, 37.коло во Серија А: Аталанта – Милан 2:1, Болоња – Катанија 1:2, Каљари – Киево 0:1, Ливорно – Фиорентина 0:1, Сампдорија – Наполи 2:5, Сасуоло – Џенова 4:2, Торино – Парма 1:1 и Рома – Јувентус 0:1
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа