Ѓоковиќ и Јелена на лудиот камен ќе застанат во јули

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата свршеница Јелена Ристиќ конечно изјавија дека нивната венчавка ќе се случи во јули оваа година во Св. Стефан. 

- Новак и Јована неодамна одлучија да се венчаат во јули и за тоа ги известија своите родители кои не сакаат да се мешаат во нивните желби и организација. На лудиот камен ќе застаат на преубавиот Свети Стефан, а ова место го одбрале бидејќи на медиумите ќе им биде тешко достапно, па ака ќе можат да ја сочуваат приватноста за себе. Првата половина на јули најмногу им одговара бидејќи Ноле тогаш ќе ги заврши сите обврски околу Вимблдон, изјавил извор близок до парот, додавајќи дека венчаницата на Јелена ќе биде од позната креаторка од Франција.

Венчавката ќе биде најгламурозната и најспектакуларната церемонија што некогаш се случила во Црна Гора, исто така голем број на познати личности ќе присуствуваат на оваа прослава,  и поради тоа свадбената церемонија ќе биде во поголема приватност. 

12.05.2014 - 09:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега