Драчевчанец се обидел да поткупи полицаец со 300 денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.Д. бидејќи се обидел да поткупи полицаец. Настанот се случил додека полициски службеник извршувал службени дејствија во населбата Драчево, на раскрсницата на улиците „Китка“ и „Иван Хаџиниколов“, каде забележал моторцикл без регистерска табличка. По извршената контрола, полицаецот увидел дека моторциклот бил со истечена регистрација, а лицето кое го управувало не поседувало возачка дозвола.
Полицискиот службеник веднаш изготвил два Записника за сторени сообраќајни прекршоци, а во тој момент пријавениот извадил три банкноти во апоени од по 100 денари и му ги ставил во џебот од ветровката на полицискиот службеник за да ги искине записниците, по што бил приведен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа