Од утре нов температурен шок - еве што ќе се случува неделава со времето
Толку од сонцето и високите температури. Од утре ни претстои облачно време со поројни дождови и пад на температурите, а ваквото време се очекува да трае до сабота.
Управата за хидрометеролошки работи информира дека веќе денеска во попладневните часови во северните и североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен и западен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северозападен. Пообилни врнежи ќе има во среда, кога на места се очекува да ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер.
До сабота ќе преовладува облачно време со повремен дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа