Градежните компании ќе ги зголемат платите на работниците до 70%

 

Градежните компании во потрага по квалитетен кадар. Дел од неодамна објавените огласи за 1.500 луѓе за изградба на автопатиштата се веќе затворени.

Според информациите од компаниите,на огласите се пријавиле најмалку три пати повеќе луѓе од тоа што е потребно, што покажува дека се враќа атрактивноста на градежниот сектор, што пак значи можност за зголемување на платите. Претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан вели дека големите инфараструктурни проекти што ги финансира државата не само што ќе отворат нови работни места туку и ќе помогнат за раст на платите на градежните работници и до 70%.

„ На огласот што го објави Трансмет се пријавија 800 лица а ние баравме околу 200 работници, но не знаеме дали тие што конкурирале се без работа или бараат подобра и поплатена работа.Факт е дека квалификуваните работници веќе бараат поголеми плати а факт е и дека работниците веќе добија на цена, некои ќе се зголемат и за 70%“, вели Kочан за Лидер.

Сепак, според градежните компании проблем може да се јави при наоѓање стручен кадар.

 

„ На некои рабнотни позиции има дефицит од работна сила, на некои специфични позиции немаме доволно стручни кадри. Размислуваме за тие позиции на ангажираме странски експерти, но ќе гледаме сепак, поголем дел да биде домашен кадар“, вели Кочан.

13.05.2014 - 14:31
Фото: 
Фактор.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега