Со помош од Владата 5.835 лица започнале сопствен бизнис
Од денеска е отворен вториот циклус од програмата за самовработување, која веќе прерасна во бренд програма во оперативниот план за активни мерки и програми за вработување од страна на МТСП, АВРМ и Агенцијата за поддршка на претпиемништво и Програмата за развој на ОН, УНДП. За ова денеска информираше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Вкупната бројка на граѓани кои во изминатите седум години започнале сопствен бизнис со ваква помош е 5.835, од кои 75 отсто се одржливи и успешно функционираат, а многумина од нив веќе отвориле дополнителни вработувања за членови на нивното семејство и други невработени лица.
-Во изминативе 7 години, во програмата за самовработување, Владата на Република Македонија има вложено вкупко 1.135.517.200 денари (18.523.000 евра), а со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014-та година обезбедени се 200.649.847 денари од Буџетот. Согласно Оперативниот план, оваа година предвидено е да се опфатат 950 невработени лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа во 900 новоотворени правни субјекти, истакна Спасов.
Од вкупно 5.835 до сега отворени бизниси, речиси 1/3 се отворени од жени претприемачи, а 2000 бизниси се од млади лица до 29 години. Во вториот циклус ќе се поддржи основање на уште 400 фирми со што ќе се заокружи планираниот број од вкупно 900 бизниси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа