Преку соопштение разјаснет инцидентот помеѓу Џеј Зи и Соланж

 

По инцидентот помеѓу сестрата на славната пејачка Бијонсе и нејзиниот зет Џеј Зи семејството на сестрите испрати официјално соопштение во кое негира дека Соланж била пијана како што некои медиуми пишуваа обидувајќи се да го објаснат нападот.

- Соланж не беше под дејство на алкохол како што некои медиуми пишуваа, ниту беше агресивна претходно во текот на вечерта. Најважно е дека успеавме да го решиме проблемот и дека Џеј Зи и Соланж ја прифатија одговорноста за своите постапки кои резултираа со немилото случување во лифтот. Двајцата се согласуваат дека тоа е приватна работа која се одиграла во јавноста. Се смирија и продолжуваат понатаму како семејство - стои во соопштението.

- Секое семејство има проблеми. И ние не се разликуваме од другите. Најважно е дека се сакаме, а се друго може да се реши - пишуваат Џеј Зи, Бијонсе и Соланж.

По оваа тепачка медиумите ширеа различни гласини меѓу кои тоа дека Соланж се разбеснела кога слушнала дека Џеј Зи наместо да си оди дома, сам ќе ја продолжи вечерта на забава која ја организирала Ријана. 

16.05.2014 - 14:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега