Влатко Стефановски: Кончита победи со плагијат на Евровизија
Влатко Стефановски кај северниот сосед го промовираше албумор Сеир. Во изјава за српските медиуми вели дека евровизиската песна на Кончита Вирст е плагијат.
„Не ми пречи целата таа шминка и провокација. Јaс сум толерантен човек. Ако сакаат луѓето можат да дубат на глава, да се соблечат голи, јас немам ништо против тоа. Проблем е што на Евросонг нема добри песни. Од година во година се се полоши. A, песната на таа Кончитa или на тој Кончита, „Rise Like a Phoenix” е плагијат на песна на Адел од филмот за Џејмс Бонд. Апсолутен плагијат! Не ме интересира неговата брада. Испеј ми добра песна, па ако сакаш стои и на трепавици, но дај ми некоја порака. Ниедна песна од Евросонг не ми го допред срцето“, изјавил Стефановски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа