Нова понуда за сите корисници на ВИП

 

Почнувајќи од денес, сите нови и постојни корисници на Вип кои ќе склучат договор или ќе го продолжат договорот на 24 месеци со промотивната понуда Vip 555 или во тарифниот модел Vip Free+ М+, имаат можност да го добијат иновативниот HTC Desire 310 за само 1999 денари.

HTC Desire 310 е најновиот паметен телефон кој ја има единствената BlinkFeed технологијата на HTC со која омилените информации се поставуваат на почетниот екран. Овој паметен телефон со својата супериорна камера и Video Highlights апликацијата лесно и едноставно ги комбинира фотографиите и видеата во уште позабавни видео колажи кои корисникот може да ги споделува.

Оваа ексклузивна Вип понуда е достапна за корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват постоечкиот договор на 24 месеци за промотивната понуда Vip 555 или во тарифниот модел Vip Free+ М+. Заедно со оваа понуда во тарифниот модел Vip Free+ М+ корисниците добиваат и подарок 1GB 3G дополнителен интернет пакет, секој месец, во наредните 24 месеци.  Со Vip 555 за претплата од само 555 денари корисниците добиваат бесплатни неограничени разговори кон сите национални мрежи, бесплатни неограничени СМС пораки кон сите мрежи и неограничен интернет вклучени во претплатата. За корисниците, пак, кои ќе го одберат тарифниот модел Vip Free+ L+, промотивно, освен подарок 1GB 3G дополнителен интернет пакет месечно, ексклузивниот  HTC Desire 310  го добиваат за 0 денари. По искоритувањето на вклучениот 1 GB 3G интернет, брзината се намалува на 32 kbps. Количините се ограничени.

 

- Во повеќе наврати Вип покажува и докажува дека ја исполнува својата заложба да ги носи најновите технолошки достигнувања за своите корисници и тоа по најповолни цени. Понудата што овој пат им ја подготвивме на нашите корисници им овозможува неограничена и слободна комуникација со единствениот паметен телефон HTC Desire 310 за атрактивна и поволна цена, во најбараните Vip постпејд тарифи. Веруваме дека и со оваа понуда на корисниците им овозможуваме безгрижна комуникација, по најдобри цени, со најсовремен паметен телефон, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

20.05.2014 - 11:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега