Ставрески: Немаме никакви проблеми со редовната исплата на обврските

 

Министерот за финансии и вицепремиер,  Зоран Ставрески во гостувањето на Канал 5 истакна дека буџетот на Македонија е во солидна кондиција.

-Немаме никакви проблеми со редовната исплата на обврските. Фирмите навреме си ги добиваат средствата од ДДВ и фактурите им се плаќаат од страна на министесрствата и другите буџетски корисници. Пензионерите навреме ги добиваат пензиите  и така ќе биде и понатаму. Субвенциите  кои заради изборниот законик моравме да ги прекинеме во текот на март и април, сега со формирањето на новата Влада повторно ќе почнат да се исплаќаат. Сите земјоделци кои што не добиле субвенции до сега, ќе ги добијат, се она што се предвидува да се исплаќа од буџетот, при што ќе го задржиме буџетскиот дефицит оваа година на 3,5%, а со фискалната стратегија понатаму предвидуваме постепена фискална консолидација, подвлече Ставрески.

Ќе одиме умерено со намалување на буџетскиот дефицит за да има доволно простор за реализација на капиталните проекти, автопатиштата, железницата кон Бугарија и се друго што е предвидено, а при тоа долгорочно да ја задржиме Македонија да остане во зоната на ниско задолжени земји, додаде вицепремиерот Ставревски.

Следните 4 години ќе се исплатат вкупно 600 милиони евра за субвенции, односно по 150 милиони евра секоја година. Согласно програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е субвенциите да се исплаќаат согласно „Календар за субвенции“ со кој времето на исплата ќе биде усогласено според потребите на земјоделците, и ќе се пласираат поволните кредити со субвенционирана каматна стапка од 3 и 4% преку Македонската банка за поддршка на развојот за примарно земјоделско производство, преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи.

20.05.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега