Барса остана без играчи во идеалниот тим во Примера

 

Седуммина фудбалери на новиот првак на Шпанија, Атлетико Мадрид, очекувано се најдоа во идеалниот тим на Примера за минатата сезона.

Интересно што меѓу најдобрите 11 нема ниту еден играч од вицепрвакот Барселона, па дури нема место ниту за Лионел Меси, објавено е на официјалниот сајт на лигата.

Во идеалниот тим на сезоната во Примера, мадридскиот клуб кој по 18 години го освои шампионскиот трофеј го претставуваат: голманот Куртоа, дефанзивците Хуанфран, Диего Годин и Филипе Луис, играчите од средниот ред Коке и Габи како и напаѓачот, ново печениот шпански репрезентативец,  Диего Коста.

Останатиот дел на тимот го сочинуваат: тандемот на Атлетик Билбабо Лапорта и Итуралде, Хрватот Иван Ракитиќ од Севиља и напаѓачот на мадридски Реал, Кристијано Роналдо.

20.05.2014 - 16:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега