ММФ го потврди растот на Македонија
Асим Хусеин, директорот на европскиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, ги потврди оценките за солиден економски раст за Македонија во текот на оваа година од над 3,5 проценти. Како што јавува дописникот на МИА, усеин, кој синоќа ја претстави економската ситуација во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон, нагласи дека поплавите во Босна и Србија можат да имаат сериозен ефект врз овие две земји.
- Мислам дека генерално целиот регион ќе има економски раст. За Македонија исто така предвидуваме дека и натаму ќе се зголемува економскиот раст. Како што знаете, од 2013 година почна заздравувањето на економскиот раст, изјави Хусеин.
Дополнително, Хусеин воедно предупреди дека катастрофалните поплави кои ги зафатија Босна и Србија ќе имаат влијание врз нивните економии во текот на оваа година, а според него и дополнителна причина за загриженост е кризата во Украина и најавите на Европската Унија за засилени санкции против Русија.
Хусеин ги издвои и Грција, Бугарија, Романија и Унгарија како земји чиј економски раст страда од нивот она корупција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа