Несебична љубов: Дедо се удавил со неподвижната сопруга, не сакал да ја остави

Дај Боже да нема повеќе мртви од тие 13. Но тешко. Ние ги викавме соседите во куќата под нас, викавме дека мора да излеземе од куќите, но таму беше неподвижна баба, а дедото не сакаше да ја остави. Ни вратата не можеа да ја отворат од надојдената вода, па тој го скрши прозорецот и се обиде со неа да излезе. Дедото можеше да се спаси сам, но се обиде и неа да ја извлече. Двајцата несреќни се удавија буквално во таа дневна соба, раскажува за српски Ало Сретен Џорџевиќ, еден од евакуираните од Обреновац.

Полавата Сретен го затекнала додека бил на работа, ноќна смена кај базените на Спортскиот центар во Обреновец каде работи како обезбедување.

- Се чув со семејството, тие беа дома, во куќата на ридот, па за среќа не беа загрозени. Меѓутоа кога излегов пред центарот и тргнав кон автомобилот, за малку ќе се онесвестев. Беше како во филмовите кога гледате дека голем бран доаѓа кон вас, раскажува Сретен.

Тој заедно со синот се вклучил во евакуација помагајќи им  на соседите  да се качат во чамците.

 

21.05.2014 - 15:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега