Дачиќ: Србија може да се надева на помошта од ЕУ

Вицепремиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан, кој истакнал дека Србија може да се надева на помошта од ЕУ, јави Танјуг. 

Главна тема на разговорите била процедурата и начинот, според кои ЕУ може да и помогне на Србија да се справи со последиците од катастрофалните поплави. Фондот за солидарност на ЕУ е во надлежност на еврокомесарот Хан.

Дачиќ нагласи дека не станува збор за една милијарда или за половина милијарда евра кои Србија може да ги добие од овој фонд, ама се работи за многу значајни средства.

21.05.2014 - 16:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега