Вака изгледа планот за обнова на Србија

Обновата на земјата и санирањето на материјалните штети од поплавите ќе се одвива во четири фази изјави денеска премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Фази, како што истакнал Вучиќ, ќе се одвиваат низ обнова на електроенергетскиот систем, патната инфраструктура, санирање на штетите на куќите и другите објекти и што е од клучно значење креирање на економски раст и обнова на севкупната економска енергија на Србија.

 

Најголема штета е направена во електроенергетскиот систем на Србија, а Вучиќ додава дека ќе биде проблем да се стигне до јаглен. Србија на струја дневно губи 500.000 до милион евра, но ќе се обиде да покрене производство до 20-25 проценти.

Според Вучиќ, патната мрежа е повеќе оштетена од железничката и некои патни правци нема долго да бидат отворени за сообраќај, особено за товарниот, но српскиот премиер додаде дека во следните 10 дена мора да се започне со обнова на патиштата.

Најитно мора да се започне и со обновување на куќите, пред се на луѓето кои целосно останале без покрив над главата, па премиерот на Србија се надева дека оваа работа ќе биде завршена за два до три месеци.

 

Како четврти дел Вучиќ го назначи креирањето на економскиот раст и обновата на севкупната економска енергија.

21.05.2014 - 19:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега