Волонтерката од Чачак која го воодушеви целиот Балкан

Деветнаесетгодишната волонтерка во централниот магацин на Црвен крст, Сузана Вукиќ, му вратила 2.500 евра на донатор на јакна кој не знаел дека во џебот ги заборавил парите.

За време на примањето на хуманитарната помош за загрозените во поплавите, од едно палто паднала книшка со пари.

“Стигнуваа камиони со облека и други потребни работи. За време на распределувањето на облеката по големима, за корисниците полесно да можат да одберат, од едно палто падна штедна книшка во која се наоѓаа доста пари“, кажа Сузана која веднаш го известила сопственикот на книшката.

21.05.2014 - 20:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега