Краделе во преполни автобуси - Косовци добија забрана за влез во Македонија
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот А.М. 46-годишниот И.К. 51-годишниот О.А. и 56-годишниот Р.Н. од Косово поради кражба.
Пред два дена на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, на автобуска постојка, откако пристигнал автобус на ЈСП, пријавените искористувајќи ја гужвата пред вратата на автобусот со протнување на рака во џеб од едно лице одзеле 1.800 денари.
Од страна на судија на пријавените им е одредена мерка една година затвор со три години условно и пет години забрана за влез во РМ.
22.05.2014 - 12:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа